Од вчера на Радио МОФ започна новата емисија наречена „Jас сум Цако“, чиј автор и водител е Александар Матовски – Цако.
Александар и е познат на македонската јавност откако стана прв студент со Даунов синдром во Македонија. Тој исто така издаде две книги со поезија и има кафеав појас во карате, со што овој млад човек секојдневно ги соборува сите бариери и стереотипи кои се појавуваат пред него. Сега, за прв пат во Македонија, лице со Даунов синдром ќе има своја авторска радио емисија, каде ќе се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.
Во продолжение слушнете го првото издание од емисијата на Цако која ќе се емитува секоја претпоследна среда во месецот.
![[Аудио] Прво издание на емисијата „Јас сум Цако“](http://www.radiomof.mk/radiomof_backend/wp-content/uploads/2014/04/Aleksandar2.jpg)