[Аудио] Подкаст „Skills that pay the bills“: Како да организирате добар настан

Во вториот подкаст „Skills that pay the bills“ зборуваме за организација на настани и иницијативи со неколку менаџери и активисти.

Петар Антевски и Петар Лазаров се тренери на обуките за вештини за млади. Тие разговараат за менаџирање и организација на настан, како тече целиот процес од идеја до реализација, но и за типови на настани и тимска работа.

Анастасија Петревска се наврати на предизвиците и организацискиот процес за протестите и Автономната зона на Студентскиот пленум, додека Огнена Ристовска од агенцијата „Моментум“, меѓу другото, за Радио МОФ  објаснува како тече организација на настани од јавен и комерцијален карактер.

Целта на „Skills that pay the bills“ е да ангажира млади лидери преку граѓанското учество и претприемнички активности. Исто така, да го зголеми информираниот јавен дискурс за клучните демократски и економски прашања со кои се соочува македонската младина.

Подкастот е реализиран во склоп на  проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).