Аудио касетата не е мртва

Касетата не е мртва. Всушност, од една компанија која изработува аудио касети во Спрингфилд, Мисури, велат дека ја имаат најдобрата година досега откако започнале со работа во 1969 година, јавува Mashable.

„Можете да го окарактеризирате нашиот оперативен модел како инаетливост и глупавост. Бевме премногу инаетливи за да се откажеме“, вели претседателот на National Audio Company, Стив Степ.

NAC е најголемиот, а воедно и еден од малкуте останати изработувачи на аудиокасети во САД. Профитабилната компанија произвела повеќе од 10 милиони ленти во 2014 година, а продажбата ѝ е зголемена за 20 посто годинава.

„Веројатно причината која ни го зголеми бизнисот и му наметна побрза фаза од сé друго е ретро движењето“, вели Степ. „Има некаква носталгија за држење на аудио касета вo рака кај луѓето“.

NAC има договори со големи продукциски куќи, како Sony Music Entertainment и Universal Music Group, како и голем број на мали договори со независни бендови. Околу 70 посто од приходите на компанијата се остварени од продажба на музички касети, а останатите 30 посто од продажба на празни ленти.

„Имаше иницијатива од независните бендови да го вратат оној топол, аналоген звук повторно, и само продолжи да расте и расте“, вели менаџерот за производство на NAC, Сузи Браун.

Компанијата сé уште користи машини изградени во 1970 година за производство на лентите.