[Аудио] Тркачка, наместо главна улица – како звучи „Партизанска“ навечер

„Имаме минско поле како што е Партизанска на сред град, а никој ништо не прави“, реагира жителка која револтирана од неконтролираната брзина со која се вози по главната улица реши преку аудиоснимка да покаже како звучат десет „обични“ минути по полноќ.

„Нова сум во ова маало. Сочувствувам со староседелките и староседелците. Ова е неиздржливо. Ова надминува и кршење на јавниот ред и мир и е исклучително опасно по живот заради брзините со кои се вози. Стојам на тротоар, чекам зелено и преминувам улица со страв. Опасноста е уште поголема за лица со намалена мобилност или со сензорна попреченост. Никој не е помалку човек од тие што помешале тркачка патека и главна улица во главен град на која има и пешачки премини. Ничиј живот и мир не се помалку вредни од нивната желба за големи брзини“, вели таа.

Снимката е направена во понеделник вчерта, од нејзиниот балкон кој гледа накај „Партизанска“, во 00:19 часот.

 

„Зошто безбедносните камери и органите за прогон се послаби од моќниците со голема кубикажа со синдром на семоќност која мислат дека им дава право за одземање живот? Зошто нечија забава и желба за адреналин е поважна од животот и здравјето на сите нас, а и од мирот на сите што живеат покрај главните улици? Каде се државните институции и каде се локалните власти? Полицијата и желките не се за студенти што учат во читална после 11 часот, туку за овие што сите нè загрозуваат“, прашува таа.

Извор: kritika.mk