[Аудио] Историјата на електронската музика во 476 траки

Бразилскиот композитор Caio Barros во 2009 година уште бил студент, кога негов професор нему и на колегите им дал листа од 476 електронски и електроакустични композиции, со задача да ги преслушаат.

Barros се заинтересирал за оваа огромна колекција и направил торент фајл, кој со години го споделувал на интернет. Но, фајлот подоцна исчезнал, а денеска целата колекција на историјата на електронската музика е објавена на UbuWeb.

Иако се работи за вредна и значајна музичка компилација, треба да се напомене дека во неа нема многу женски композитори, а таа речиси го игнорира комплетниот развој на електронската музика надвор од западниот свет. Сепак, ова треба да биде задолжителна „лектира“ за секој што се занимава со модерна музика, било професионално или аматерски.