[Аудио] Интервју со Весна Иваноска од СЕДЦ: Преку бизнис симулаторот до 85 отсто вработеност на студентите

Симулиравме бизнис процес во соработка со компании, меѓу кои и Сивус, односно работа на жив проект, во жива средина со проектен менаџер кој доаѓаше од самата компанија. Со други зборови, студентите ги „фрлавме во оган“ и немаа друг начин освен да ја преживеат таа фаза и да излезат збогатени со многу практично и реално знаење. Бизнис симулаторот продолжува да живее, добива свои модификации. Стапката е некаде 85 отсто вработеност на студентите по завршувањето на овој проект, вели Весна Иваноска, генерален менаџер на Сивус едукативен и развоен центар (СЕДЦ).

Иваноска во интервју со Радио МОФ зборува како се развиваше Центарот, за IThink академијата, за младите луѓе кои живеат со технологија, но и за дефицитот на IT кадар на глобално и локално ниво.

„Дефицитот во Македонија е евидентен, веројатно тоа ја создава потребата и желбата кај многу луѓе не само да изучуваат, туку и многумина да се преквалификуваат од она што одлучиле да им биде професија, па сега пробуваат да влезат во IТ-индустријата“, вели Иваноска во интервјуто.

Интервјуто е реализирано во склоп на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“.  Спроведуван е од Младински образовен форум и Институтот за европска политика (ЕПИ), а е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).