[Аудио] Интервју со Деклан Колфилд: Не трошете дел од животот на идеја која не сте ја тестирале

„Идеите се евтини. Сите имаат идеи, но нивната реализација е она што е важно. Единствениот начин да дознаете дали вашата идеја вреди, е да зборувате со некој со квалитет, искуство, талент… Тестирајте ја идејата – може ќе ви се смеат. Ако петтиот човек ви се изнасмее на идејата, тогаш смислете нова. Но, ако вашата идеја е добра, тогаш е многу веројатно првите луѓе да бидат ентузијасти и да сакаат да работат со вас. Бидете подготвени да се откажете од идејата, или да дадете делче од неа за да бидете успешни. Не се плашете да вклучите други луѓе. Не трошете дел од животот на идеја која не сте ја тестирале“, вели Деклан Колфилд во интервју со Радио МОФ.

Колфилд е дел од Andurance Ventures LLP и директор во Intellicore Services. Исто така, toj e член на бордот на директорти во InPlayes, со работно искуство во Apple, Intel и BBC.

Во интервјуто зборува за претприемништвото, за вистинскиот избор на инвестиции и бизнис потези, ги анализира денешните технологии и медиуми, но дава и совети на младите како да ја реализираат својата идеја.

Ова е второ интервју во рамки на проектот „Градење на следната генерација на млади лидери“ и е поддржан Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

*Напомена: Интервјуто е на анлигски јазик