[Аудио интервју] Mark Knight – ѕвездата на „Аква парк фест“

Во пресрет на првото издание на „Аква парк фест“, дводневниот фестивал кој ќе се одржи викендов (24 и 25 мај), ви го претставуваме Mark Knight, хедлајнерот на првата вечер. Mark Knight е британски house диџеј и продуцент, кој е активен на музичката сцена веќе 15 години. Во 2008 година според британскиот магазин DJ mag беше рангиран на 47-то место.

Роден во Кент, кариерата ја започнува во клубот Source во истиот град. Во 2003 станува резидент DJ во Ministry of Sound во Лондон и од тогаш почнува да се стекнува со светска слава. Една година подоцнa ја отвара и својата продукциска куќа Toolroom Records, која што денеска брои повеќе од 100 артисти.

Како продуцент се стекна со одлична репутација со песните „Man with the red face“, „Downpipe“, „Good Times “, „Devil Walking“ и многу други. Во 2010 година, како дел од продукцискиот тим, се закитува и со Греми номинација за неговата работа на албумот „The End“ на Black Eyed Peas.

Ти ја имаш честа да бидеш хедлајнер на првата вечер на Аква Парк Фестивалот овде во Македонија. Што може да очекуваме од твојот настап? 

Шоу со многу енергија – ќе биде многу забавно, сметам дека тоа е најважно кога зборуваме за вакви големи настани на отворено, на кои луѓето одлично ќе се забавуваат. Многу одлична и нова музика, голем дел наша, автентична, од Toolroom Records. Многу музика што ја пуштам во последно време и морам да кажам дека сум пресреќен зашто ќе има многу енергија и ќе биде многу забавно.

[Аудио интервју] Mark Knight - ѕвездата на „Аква парк фест“

Поминаа десет години откако ја создаде Toolroom Records, дали планираш некое големо шоу за прослава на десетгодишнината?

Да, да се разбира дека ќе има. Ќе правиме десетнеделна турнеја, која ќе започне во јули и пополека, во октомври ќе започнеме десет големи шоуа низ целиот свет како дел од прославата. Ќе се навратиме на големите хитови, класики кои сме ги издале во изминатите години, на кои познати диџеи ќе прават ремикси. Исто така планираме да ги ставиме во центар на вниманието талентите кои сметаме дека ќе бидат голем хит во наредните десет години. Ќе доделуваме и многу награди…. за повеќе информации можете да видите на http://www.toolroomten.com/.

Бидејќи полека се ближите до 200-тото издание на Toolroom Knights подкастот, дали планирате некое големо live streaming шоу или нешто слично?

Да, токму така, ти си првиот човек кој ме прашал за тоа и потполно си во право. Дефинитивно ќе го правиме тоа, моментално само ги разработуваме деталите и очекувајте информации наскоро, но дефинитивно нешто големо планираме за прослава на 200-тото издание.

Слушнете го целото аудио интервју со Mark Knight:

Intervju so Mark Knight by Radio Mof Music on Mixcloud

Николај Митрески