[Аудио] 78 часови класична музика од женски композитори

Во модерните времиња, не ги сметаме жените композитори за нешто невообичаено. Новата музика е напишана подеднакво и од мажи и од жени, а во зависност од жанрот, постојат и правци во кои жените се доминантни. Но, ако слушате класична музика, ќе забележите дека во поглед на композиторите, класиката е во најголем дел „машка“. Од разни културни и историски причини, класичниот канон бил претежно машки свет.

Но, не мора да биде така – оваа плејлиста на Spotify, насловена „1200 години женски композитори: од Хилдегард до Хигдон“, покажува како жените почнале да го обликуваат она што денеска го нарекуваме класична музика многу порано отколку што повеќето луѓе мислат. Овде има 900 композиции, со 78 часа музика, почнувајќи од Средниот век и Византија, до денешните млади композиторки како Мисато Мочизуки или Хелена Тулве.

За да ја слушнете оваа импозантна колекција на „женска“ музика, ќе ви треба регистрација на Spotify.