Aудиција за улоги и статисти за филмот „Сестра“

Викендов, на 20.04 (сабота) и 21.04 (недела) во Вардар Филм (ул. 8 март бр.4) од 10:00-18:00 часот ќе се случува отворена аудиција за играниот филм „Сестра” во режија на Дина Дума , а во продукција на Круг филм и Лист продукција.

„Сестра” е приказна за соочувањето со последиците од сопствените акции, на две најдобри другарки, тинејџерки, и е тест за нивното другарство.

Продукциите ги повикуваат сите кандидати кои се заинтересирани за улогите во филмот, но и за статисти. Кадидатите можат да бидат на било која возраст или пол. Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видео претставување, а ќе биде реализирана од кастинг агенцијата Гужва.

„Сестра” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.