„Астросфера“: прва радио емисија во Македонија посветена на астрономијата

Започнувајќи од денес (17 ноември),  секој втор понеделник во 19 часот на адресата на интернет радиото – Радио МОФ ќе се емитува првата радио емисија посветена на астрономијата – Астросфера.

Емисијата ќе биде посветена на астрономијата и сродните науки.  Водители на емисијата се вљубениците во астрономијата Елена Грнчаревска и Јован Паповски, а како стручни помагачи се двајцата наши членови Мартин Стојановски и Филип Парталовски. Се разбира, во некоја од емисиите ќе бидат гости и други членови на Скопското астрономско друштво.

-Во секоја емисија ќе може да чуете најразновидни теми од областа на астрономијата во кои преку разговор ќе Ви ги приблежиме интересните и најинтересните теми, најавуваат водителите на Астросфера.

Со оваа емисија Радио МОФ се надева дека ќе ги збогати медиумите со уште едно интересно астрономско катче од кое слушателите ќе има што да слушнат и научат.

Првата емисија што ќе се емитува денеска ќе биде посветена на историјата на астрономијата во Македонија, астрономски друштва во Македонија како и за Скопското астрономско друштво.

Се надеваме ќе не слушате!