Астерикс и Обеликс заедно со Julian Assange против Рим

Добра вест за љубителите на стрипот – следната недела се очекува новиот број од Астерикс, а интересно е тоа што Астерикс и Обеликс ќе се борат против пропагандната машинерија на стариот Рим.

Еден од главните ликови во новата епизода  ќе биде инспириран од основачот на Викиликс, Julian Assange, изјави сценаристот Jean-Yves Ferri.

Освен него, дел од ликовите во епизодата се правени и според некогашните претседатели на Франција, Francois Mitterrand и Nicolas Sarkozy.

Стрипот за храбриот мал Гал, кој се бори против Римската империја досега е преведен на дури 111 светски јазици, а досега се продадени 365 милиони копии од стрипот. Насловот на новиот број, кој ќе биде печатен во 4 милиони копии, е „Астерикс и исчезнатиот свиток“.