„Астални проекции“ утре во Менада

Утре (3 ноември), во Менада ќе се одржи четиринаесеттото издание на книжевното читање „Астални проекции“. Учесниците ќе читаат поезија во три круга: во првите два свои песни, а во третиот омилена песна од некој друг автор. Почетокот на „Астални проекции“ е најавен во 20 часот.

На настанот ќе учествуваат:

Натали Рогожарова
Лилјана Дирјан
Васко Марковски
Јосип Коцев aka Квентин Скриблер
Давор Стојановски
Елизабета Бриндевска
Зоран Радически
Лара Миховиловиќ (Словенија)
Игор Ивановски
Богољуб Павлоски
Мартина Јанеска

За време на паузите ќе настапи музичарот Марко Илиевски aka Марко Чварко.