Астални проекции утре во Менада

Поетската вечер „Астални проекции“ утре (1 март),  по 18 пат ќе се одржи во Менада. Организаторите најавуваат неколку нови имиња, гости од Србија, додека за атмосферата во клубот ќе се погрижат членовите на ИС „Тркалезна маса“.

На утрешните „Астални проекции“ поезија ќе читаат: Митко Апостолов, Габриела Мишел Милкова, Александар Василиј Станојков, Божана Раденковиќ, Љубица Шопова, Александар Стевановиќ, Елена Волчевска, Јован Димитров, Томе Силјаноски и Катерина Гогова.

Почетокот е најавен во 20 часот.