Асанж: Викиликс ќе објави уште илјадници документи на Клинтон пред изборите

Основачот на Викиликс, Жулиан Асанж, вели дека не заврши со објавување на инкриминирачки информации за Хилари Клинтон, кои можат да бидат штетни за нејзината кампања. За време на интервју со новинарката Мегин Кели од Фокс, тој рекол дека документите се значајни и би им дале на гласачите подобар увид во тоа за кого гласаат.

„Имаме многу материјали, илјадници страници документи. Не сакам да ја откријам играта, но станува збор за различни видови документи од различни институции, кои се поврзани со изборната кампања“, вели Асанж.

Асанж во интервјуто не зборувал за прекршување на стандардите на Викиликс, кои самите ги поставија. Во последните три „протекувања“ на документи, организацијата објави голем број на броеви од кредитни картички и осигурување, на луѓе кои не биле вмешани во самите афери кои ги експонираа.

Викиликс се соочуваат со критицизам и поради ставање на жените од Турција во опасност, откако ги објавија мејловите на Егдоган од турската влада на почетокот на годинава.

Сепак, Асанж не се согласува со критиките.

„Имаме 10-годишна историја на објавување на архиви под рубриката „научно новинарство“ – кое самите го измисливме. Читателите можат да ја проверат точноста на било која сторија, и материјалот може да се користи во судски спорови и тужби“.