Асанж: Да се избира меѓу Трамп и Клинтон е како да се избира меѓу колера и гонореја

На говор одржан преку видео врска на Националната конвенција на Зелената партија на САД во Хјустон, Тексас, основачот на Викиликс, Жулиен Асанж, изјави дека Клинтон и Трамп се како „колера и гонореја“.

Опишувајќи го резултатот на изборите кои треба да се одржат во ноември како „застрашувачка визија“ на настанот кој се одржал во саботата, Асанж, кој се обрати од Амбасадата на Еквадор во Лондон, изјави дека често го прашуваат кој од двајцата кандидати за претседател на САД е подобар избор.

„Ме прашуваат дали преферирам да гласам за Клинтон или за Трамп. Одговорот е: „Прашувате дали претпочитам колера или гонореја“, рекол Асанж пред присутните на конвенцијата.

За време на интервјуто, Асанж рекол и дека е многу можно кандидатката на Зелената партија, Џил Стајн, да стане претседател.

„Сериозен сум. Никогаш не се знае. Кој може да знае што ќе се случи во една кампања, се е возможно“, рекол.