[Програма] Арт пред март – аларм за младинско будење

За да не продолжите со зимскиот сон, Младински образовен форум ве поканува на „Арт пред март“, алармот за младинско будење.

„Арт пред март“ е целодневен настан кој е наменет за средношколци и студенти и сите оние кои се заинтересирани за производот на уметноста и активизмот. Настанот ќе вклучува предавања и работилници за различни правци и техники од полето на уметноста и како може да бидат искористени за младински активизам.

1922595_10203151969830941_67966651_n

Целта на настанот е да ги доближи младите до различните видови на уметности и нејзината примена како активизам, да промовира млади и квалитетни уметници и да понуди програма и информации од интерес за младите. Настанот ќе вклучува визуелна и перформативна уметност, како и култура во јавен простор.

Арт пред март“ почнува точно во 12:00 часот и алармот ќе свири до 20 часот. Не стискајте “snooze” и дојдете во петок во Домот на АРМ каде ќе може да се дружите со Сања Арсовска, Борјана Мојсовска, Фросина Стојковска и Олгица Станковска, Ади Имери, Весна Илиевска, Филип Јовановски или да учествувате на работилниците со студентите од ликовна академија, факултетот за драмска уметност и девојките од МЕЛЕЕМ.