Аријана и Бојан Коскарови од Македонија на листата „30 под 30” на Форбс за 2019 година 

Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија се најдоа на новата листа „30 под 30“ за 2019 во Европа, која ја прави магазинот Форбс. Братот и сестрата Коскарови го добија ова признание во категоријата „социјални претприемачи“ со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Листата на Форбс, на успешни личности кои имаат под 30 години, оваа година вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории. На листата се најдоа и актерот Даниел Редклиф, фудбалерот Ентоан Гризман, како и наследникот на гигантот Луј Витон, Антоан Арно.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес под 30.

Ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа. Минатата година на листата „30 под 30“ на Форбс се најдоа Нина Ангеловска од „Групер“ и Жарко Димитриоски „Еден на Еден“.