„Архитектоника“ ќе проектира нова барокна зграда на Општина Гази Баба

Бирото „Архитектоника“, кое е потпишано на неколку објекти од проектот „Скопје 2014“, го доби тендерот за нова административна зграда на Општина Гази Баба.

Општина Гази Баба го склучила договорот за изработка на основниот проект за изведба на објектот со „Архитектоника на 6 декември, а известувањето за склучениот договор беше објавен денес на веб страницата за Јавни набавки.

Проценетата вредност на барокното дело, кое ќе се наоѓа на ул. Архимедова 2, односно спроти хотел „Континентал“. Договорот има времетраење од 12 месеци, а чини 2.193.915 денари.

Инаку, Архитектоника ДООЕЛ Скопје и архитектот Жарко Чаушевски се автори на неколку барокни дела кои беа изградени во Скопје во изминатите години. Меѓу нив се и новата фасада на Владата, новата зграда на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација, Административна зграда кај МОБ, Државен завод за ревизија, Геолошки завод и АД за стопанисување со станбен и деловен простор (Палата Емануел Чучков) и неколку фасади во централното градско подрачје.