Архитекти онлајн собираат средства за изградба на Минас Тирит од „Господарот на прстените“

Тим од британски архитекти покренаа онлајн кампања за изградба на реална верзија на градот Минас Тирит од „Господар на прстените“ во северниот дел на Англија. Тие имаат цел преку кампањата да соберат 2,8 милијарди долари. Ако успеат, изградбата ќе започне во 2016, а ќе биде завршена во 2023, соопштуваат архитектите.

„Сакаме да ја споделиме љубовта кон Толкиновиот труд и да предизвикаме современа перцепција на архитектурата. Веруваме дека со изградбата на Минас Тирита можеме не само да создадеме единствена туристичка атракција, туку и да направиме убаво место за живот и работа„, вели лидерот на кампањата Џонатан Вилсон.

Кампањата е достапна на Indiegogo и секој може да донира во следните 47 дена, а за 13 дена се собрани повеќе од 56 000 долари, сума која секоја минута се зголемува.

Оние кои донираат повеќе од 150.000 долари може да бидат прогласени за лорд или дама од Минас Тирита и да добијат „ексклузивен пристап до сите делови на градот, вклучувајќи ги и приватните резиденции“.