Аргумент 2018: Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина

Младински образовен форум го организира осмо издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување.

Настанот ќе се одржи на 12-ти мај (сабота) 2018, со почеток во 20:00, во Музеј на современа уметност – Скопје.

Тезата на која ќе се дебатира и дискутира гласи: Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина. 

Во афирмативниот тим (тим кој ја поддржува тезата) се: Славчо Димитров; Бесфорт Идризи и Тања Царовска.

Негацискиот тим, пак, ја сочинуваат: Ивана Туфегџиќ; Коста Петров и Аделина Марку.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.  

За да можете да присуствувате на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.

Агенда на настанот:
• 19:00 Регистрација
• 20:00 Дебата: Овој дом верува дека држава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина
• 22:00 Неформална дружба со музика

Аргумент: Организирано изразување е поддржана од Фондација Отворено општество Македонија во рамки на јубилејниот настан за одбележување на 25-годишнината од постоењето на ФООМ.