Аргумент 2016: Овој дом верува дека граѓанинот (не) треба да претпочита егзистенција пред идеологија

Младински образовен форум (МОФ) го организира осмото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување, кој ќе се одржи на 20-ти ноември (недела), со почеток во 19:00, во Младински Културен Центар, Кино Фросина.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.

Тезата на која ќе се дебатира и дискутира гласи: Овој дом верува дека граѓанинот (не) треба да претпочита егзистенција пред идеологија.

Во афирмативниот тим (тим кој ја поддржува тезата) се Уранија Пировска и Никола Димитров, додека негацискиот тим (тим кој ја негира тезата) се д-р Бранимир Јовановиќ и проф. д-р Ванчо Узунов.

За присуство на настанот сите заинтересирани треба да се регистрираат на следниот ЛИНК . Крајниот рок за регистрација е 18 ноември, петок.

Настанот ќе биде пренесуван на Радио МОФ и 24Вести .