Аргумент 2015: Овој дом верува дека меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата

Седмото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување, кој го организира Младински образовен форум ќе се одржи на 16 декември во Кино Милениум, со почеток во 19:00 часот.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. Оргаизаторите и годинава најавуваат квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.

Тезата оваа година е „Овој дом верува дека меѓупартиските преговори (не) водат до излез од кризата“.

Афирмативниот тим [тим кој ја поддржува тезата] го сочинуваат Бујар Османи, Фросина Ташевска Ременски и Петрит Сарачини. Негацискиот тим (тим кој ја негира тезата) е во состав Лилјана Поповска, Гордан Калајџиев и Миша Поповиќ. Модератор на настанот е Огнен Јанески.

За присуство на настанот сите заинтересирани треба да се регистрираат на следниот ЛИНК.  Крајниот рок за регистрација е 14 декември, понеделник.

Настанот ќе биде пренесуван на Радио МОФ и vozivo.mk.