Аргентинското дуо Mueran Humanos на деветтиот „Здраво млади“

Аргентинското дуо „Mueran Humanos“ ќе настапат на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 31 август на нова локација – паркот на МКЦ, архитектонското тело (приклучок) отворено во склоп на Скопје креатива 2019, кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на Младинскиот културен центар.

„Мueran Humanos“ се состои од Carmen Burguess и Tomas Nochteff, кои финкционираат како дуо од 2006 година. Прават страствена музика на шпански јазик, користејќи авангардни методи со панкерски став. Го заробуваат звукот на зградите надвиснат над поединецот и звукот што го прави поединецот како одговор: звукот на треперење и добивање слобода. Двајцата се по потекло од Буенос Аирес, каде што биле дел од бендовите Mujercitas и Dios.

Досега најавени артисти се канадското пост-панк трио Operators, хрватското мистериозно електропоп дуо – Nipplepeople, најпознати по нивниот хит Frka, кои за прв пат настапуваат во Скопје, како и претставниците на европската (односно берлинската) електро-сцена CONFORCE, VIVIAN KOCH, ALEX ACID, програма курирана од нашиот репрезент и берлински резидент STOJCHE, кој во духот на ЗДРАВО МЛАДИ селектираше нови, свежи и квалитетни артисти директно од европските клубски подиуми.

Наскоро следува и објава на нови артисти и содржини од фестивалот,  а од денес цената на билетите е 400 денари и може да се купат преку продажната мрежа bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.