Аргентинките протестираа топлес за правото да се сончаат со голи гради на јавните плажи

Десетици топлес жени, на кои им се придружиле стотици облечени други граѓани, протестираа во Буенос Аирес за да го побараат правото да се сончаат без горен дел од костим за капење. Причината за протестот била што полицијата избркала топлес жени од блиска јавна плажа.

Помали протести се случија низ земјата неодамна, како одговор на инцидентот кој се случил во јануари. Останува нејасно дали аргентинскиот закон им дозволува на жените да се сончаат топлес на јавните плажи.

Полицијата се повикала на националниот кривичен законик кој забранува „опсцени прикажувања во јавност“ за да се оправда што ги избркала жените од плажата, иако судија подоцна пресудил дека инцидентот не е кривично дело.

Со аргументот дека жените треба да го имаат истото право како мажите да се сончаат топлес, протестантите носеле знаци на кои пишувало: „Единствените гради кои им пречат се оние кои не се на продажба“.

Демонстрацијата во центарот на Буенос Аирес следуваше после протестите „Ниту една помалку“, во кои десетици илјади Аргентинци протестираа против родовото насилство, после силувањето и убиството на 16-годишна девојка.