Аргентина го легализираше абортусот

Оваа земја е третата држава во Јужна Америка која дозволува абортус.

Аргентина стана најголемата латиноамериканска држава која го легализираше абортусот откако Сенатот го усвои историски важниот закон со 38 гласа „за“, 29 гласа „против“ и еден воздржан глас.

Активистите ја дочекаа одлуката пред Собранието, а собирот се претвори во огромна утринска прослава.

„Борбата за женски права секогаш е непредвидлива, а овојпат требаше да се соочуваме и со пандемија. Многу сум среќна со овој резултат“, изјавила новинарката и активистка Ингрид Бек.

Предлог законот, со кој се дозволува абортус во првите 14 недели од бременоста, претходно месецов беше усвоен од Долниот дом откако беше предложен од левоорентираниот претседател Алберто Фернандез.

Фернандез истакнал дека од 1883 година, над 3000 жени починале како резултат на небезбедни и сомнителни потфати во Аргентина.

Со оваа историска одлука, Аргентина ќе стане само третата латиноамериканска земја во која е легализиран абортусот, заедно со Уругвај којаа го легализираше абортусот во 2012 и Гвајана, каде абортусот е легален уште од 1995 година.

„Се чувствувам неверојатно гордо поради тоа што го постигнавме. Ова е историски момент за земјата, нема сомнеж околу тоа. Со ова покажуваме дека без разлика на сите пречки, промените и прогресот се возможни. Ова што сега се случува во Аргентина, ќе има големо влијание врз регионот и во светот“, изјавила Жизел Карињо, феминистичка активистка и извршна регионална директорка на Федерацијата „Planned parenhood“.

Ваквата одлука на Сенатот е резултат на пет долги години исполнети со масовни протести, кои започнале како „Твитер“ кампања против родово насилство.

Првите спонтални протести започнале во март 2015 година, како реакција за убиството на четиринаесет годишната Чиара Паез, откако телото на девојчето било пронајдено под домот на нејзиното момче. Паез била претепана до смрт и бремена неколку месеци.

„Како да не се огласиме? Не убиваат“, твитнала во тој момент радио-новинарката Марсела Охеда. После тоа, група на женски новинарки започнале да твитаат под хаштагот „#НитуЕднаПомалку“, резултирајќи со првиот од многу маршови кои собрале десетици илјади жени на улиците.

Наредната година во Аргентина се одржувале и масовни протести поради силувањето и убиството на 16 годишната Луција Перез во градот Мар дел Плата.

По овие фемициди, активистите здружено почнале да протестираат против родовото насилство и правото за абортус.

Активистите ја присвоиле зелената марама како симбол за нивното движење – тренд кој брзо се прошири и во други латиноамерикански земји.

Извор: Guardian