ArcaBoard – првиот функционален „ховерборд“

Иако „ховербордот“ (возило кое лебди) може да се најде на пазарот, има една иронична карактеристика за него – не лебди.

Сега, Arca Space корпорацијата со седиште во Ново Мексико разви „летачко“ возило кое може да лебди над секаква површина, вклучително и вода. Може да издржи товар до 110 килограми и да лебди најмалку 30 центиметри над земјата.

 

Креторите на ArcaBoard го нарекуваат „првото револуционерно возило после велосипедот, автомобилот и авионот“.

 

Сепак, не секој може да си дозволи ваков „ховерборд“, бидејќи чини 20000 долари.

ArcaBoard има 272 коњски сили и 203000 вати моќност.

Составен е од композитни материјали и тежи околу 81 килограм. За да може да лета, возилото има 36 вентилатори со високо напојување.

„Бордот“ може да се контролира  преку систем за стабилизација управуван од смартфон.

Извор: Daily Mail