Арбер Салиху и приказната за алтернативниот културен центар во Приштина на ENGAGE 2018

Арбер Салиху, музичар, културен активист и организатор на настани за заедницата од Приштина, Косово, ќе биде говорник на седмото издание на ENGAGE конференцијата на друштвен активизам што ќе се одржи на 12-ти мај, во Музејот на современа уметност во Скопје.

Како музичар, дел е од дуото „Обори“, кое го објави својот критички признаен истоимен албум во 2017 година, како и четири музички видеа, спојувајќи разни жанрови како алтернативен рок, new wave, психоделичен рок, реге, хип хоп и електроника.

Има пишувани и продуцирано музика за филмовите „Me dasht’, me dasht’, me dasht“ („Да сакаш, да ти треба, да сакаш“) и “the Canaries Know” („Канаринците знаат“), за која заедно со Томор Кучи и Генч Салиху доби награда за најдобра филмска музика на Сапоро Фестивалот на краткометраен филм во Јапонија. Арбер е колидер на уметничкиот проект Бауштеле: Балкански храм, кој собра повеќе од 40 уметници од Косово, Србија и Швајцарија на 10 недели во Приштина, Белград и Цирих од што произлегоа 27 настани и кулминираше со перформанс во секој град прикажувајќи ја реакцијата на уметниците на прашањето „Во што веруваш?“.

Од 2016 година, Арбер е дел од заедницата на Термокис, која за прв пат во Косово ревитализираше напуштена зграда и почна соодветно да ја користи. Просторот е висок 280 сантиметри и во него се имаат одржано повеќе од 180 активности, меѓу кои и концерти, театарски претстави, работилници, предавања, дискусии и други настани.

На овогодинешната конференција организирана од Радио МОФ и Младинскиот образовен форум, ќе учествуваат осуммина говорници, а ќе има и два перформанси. Регистрацијата е достапна на овој ЛИНК, а можност за учество ќе имаат првите 200 пријавени учесници за конференцијата. Повеќе информации за сите говорници и настапи може да се најдат на engage.mk.

ENGAGE – Конференција за друштвен активизам е организирана со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија.