Арбер Адеми е новиот министер за образование и наука

Арбер Адеми е нов министер за образование и наука во Владата на Република Македонија кој синоќа беше избран во Собранието. Досега тој ја имаше функцијата заменик-министер на Рената Дескоска, која заминува во Министерството за правда.

Адеми е роден во 1985 година во с. Опае, Липково, и е доктор по правни науки, стои во неговата биографија на страницата на МОН. Тој е од 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања.

Во 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања.

Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во Тирана – Албанија, со дисертацијата „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Има положено правосуден и нотарски испит.