Априлски МКЦ карневал

Голем музички МКЦ карневал се организира за први април во Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 21 часот.

Три екипи се погрижија овогодишниот маскенбал да биде голем и незаборавен за сите оние кои сакаат квалитетна музика додека шетаат наоколу во празнично руво. DMAmusic, BTKRSH и PMG Recordings најавија обемна, квалитетна и еклектична музичка програма.

Настапуваат: специјалниот гостин од Америка John Templeton, Great American Techno Festival, со поддршка на домашните Mirko Popov, Andreas Hz, Martchin, Anomalia Nativa, Natty Fiyah.

„Април #1 е совршен ден за КАРНЕВАЛ. Знаете она со маски и никој не може да ве препознае. Ќе биде тоа масовен градски карневал оваа година, а ЦЕНТРАЛНИОТ НАСТАН се дешава во МКЦ. Три екипи се погрижија да овогодишниот маскенбал биде голем и незаборавен за сите оние кои сакаат квалитетна музика додека шетаат наоколу во празнично руво. Одберете навистина добра маска за овој КАРНЕВАЛ, по се изгледа ќе биде ЈАКО :)“, стои во поканата за настанот.