Априлска програма на Филмскиот дебатен клуб „Лале“ во МКЦ

Секоја среда, со почеток во 20 часот во џебното кино МКЦ се организираат проекции на Филмскиот дебатен клуб „Лале“.

Влезот е слободен, а тековната програма за месец април проследете ја во продолжение:

08/04/15
NINETEEN EIGHT-FOUR,
1984, Обединето Кралство, 1984
Р. Michael Redford, 113 мин.
Филмот е работен според истоименото дело на Џорџ Орвел. Приказна за тоталитарното општество на иднината, и човекот-препишувач на историјата како бунтовник…

*На дебатата по филмот е најавен разговор со професор Маја Мухиќ и Никола Гелевски.

15/04/15
I HIRED A CONTRACT KILLER,
Најмив платен убиец, Финска, 1999
Р. Аки Каурисмаки, 79 мин.
Кога ќе го изгубите работното место, а немате храброст за самоубиство, ќе најмите платен убиец… ама раскинувањето на договорот е уште поголем проблем…

22/04/15
KIDS,
Деца, САД, 1995
Р. Larry Clark, 91 мин.
Њујорк. Група тинејџери талка наоколу правејќи белји… Пушење, алкохол, лизгање на мраз и дефлорација на девици се нивните преокупации…

29/04/15
LIKE STARS ON EARTH,
Како ѕвезди на земјата, Индија, 2007
Р. Aamir Khan, Amole Gupte, 165 мин.
Осумгодишно момче кое го сметаат за мрзливко и непослушник има неоткриен талент за сликање и благодарение на неговиот наставник по уметност…