„Априлијада“ утре на скопскиот плоштад „Македонија“

Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје утре, 1 април, од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ ja организират традиционалната „Априлијада – Скопје се смее“.

Манифестацијата за Денот на шегата е наменета за сите училишта, градинки и деца на Град Скопје, со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“ Златно славејче и Танцови групи од основните училишта.

Првоаприлската забава ќе продолжи и во вечерните часови, 20 часот со настапи на повеќе домашни музички изведувачи.

Манифестацијата „Априлијада“ е финансирана од Град Скопје.