Apple Records под „принуда“ издава 59 необјавени песни од Битлси

Apple Records идната седмица ќе издаде компилација на која ќе бидат содржани 59 песни на Битлси кои досега не биле изведувани пред публика, објави Guardian.

Apple Records под „принуда“ издава 59 необјавени песни од БитлсиОвие записи во најголем дел се студиски верзии на познати песни и концертни снимки. Така на пример, во компилацијата ќе има неколку верзии на песната A Taste of Honey и She Loves You. Дали ќе влезе и 28 -минутната верзија на Helter Skelter засега останува непознатото.

Покрај тоа, во колекцијата ќе бидат претставени песни, напишани од бендот за други уметници како I’m In love и Bad to Me за Merseybeat и Били Џеј Крамер.

Apple Records не планираше официјално да ги објави сите материјали кои ги поседува, но беше принудена да го стори тоа за да не ги загуби авторските права врз нив, пишува весникот.

Согласно измените на законите за авторски права во Унијата, кои неодамна стапија во сила, необјавените материјали на музичари,  50 година по нивното создавање, не може да бидат предмет на авторски права.