Апликацијата „Вајн“ се враќа во форма на нова видео апликација „Бајт“

Со згаснувањето на апликацијата „Вајн“ во 2017 година, остана празнина која никогаш нема да е пополнета. Но обожавателите на оваа платформа може да здивнат, бидејќи апликацијата се „препороди“ во форма на „Бајт“, платформа на која може да снимате видео од шест секунди. Апликацијата официјално е достапна од 25 јануари и веќе претставува конкуренција на популарната „ТикТок“.

„Бајт“ е креирана од Дом Хофман, поранешниот креатор на „Вајн“, која изгледа како редизајнирана и апдејтирана верзија на поранешната апликација, која им дава пристап на корисниците да споделуваат кратки видеа бескраjно. Засега, таа е поедноставна верзија од конкурентските апликации и нема опции за филтри, ефекти и случните функции кои ги нуди „ТикТок“.

Но наскоро „Бајт“ ќе понуди опција преку која нејзините корисници на полесен начин ќе може да заработат пари, нешто кое засега не е понудено од страна на „ТикТок“ и „Инстаграм“. Во изјава за „ТехКранч“ Хофман вели дека платформата наскоро ќе понуди опција за поделба на приходите, на истиот начин како што „Јутјуб“ дозволува профилите да заработуваат од реклами.

Апликацијата „ТикТок“ која е во сопственост на компанијата „БајтДенс“ со седиште во Пекинг, неодамна стана мета на огромни критики поради цензурирање на ЛГБТ+ содржина и објави кои го критикуваа кинескиот парламент поради третманот на Ујгурите. „ТикТок“ се соочува и со тужба во САД поради пренесување на огромна количина податоци на корисниците во Кина. Бидејќи „Бајт“ е американска компанија, таа може да претставува сериозна конкуренција на „ТикТок“.

По лансирањето во 2013, апликацијата „Вајн“ многу брзо се доби со голема база на корисници, со што се наметна како најпопуларна платформа за споделување на длабоко конципирана комедија. Преку видеата на „Вајн“, многу ѕвезди како Шон Мендез и Џеј Версаче се стекнаа со глобална слава. По почетокот и кој ветуваше многу, „Вајн“ премина во сопственост на „Твитер“ во 2013 година, што последователно доведе до згаснување на популарната видео платформа поради скратување на трошоците.

Додека креативните корисници на „Вајн“ тагуваа, Хофман веднаш започнал со работење на нова апликација, најавувајќи го лансирањето на „Бајт“ во почетокот на 2018 година. Дали носталгијата ќе биде доволна причина корисниците повторно да се вратат на „Бајт“ и да ги напуштат „ТикТок“, „Инстаграм“ и „Снепчет“, останува времето да покаже.

Извор: Dazed&Confused