Апликацијата Призма е сега достапна за сите корисници на Андроид

Призма, новата мобилна апликација која ги претвора фотографиите во уметнички слики, која е особено популарна во последните неколку недели, отсега е достапна и за корисниците на Андроид.

Апликацијата досега беше достапна само во бета форма на Андроид околу пет дена.

Призма не е прва апликација од ваков вид, но разликата е во тоа што користи вештачка интелигенција место едноставни алгоритми. Поради тоа, сликите делуваат како да се насликани од сликар, како човечко дело.

 

За краткиот период откако Призма е достапна, околу 400 милиони луѓе ги преработиле своите фотографии. Преземена е повеќе од 10.6 милиони пати, само преку iOS оперативен систем. Има повеќе од 1,55 милиони активни секојдневни корисници, а секој ден се презема околу 700 илјади пати.

Андроид апликацијата е идентична како верзијата за iOS. Има повеќе од 30 филтри и можност да се направи нова фотографија, или да се преработи некоја од постоечките.