Апликација покажува која храна е во сезона и поттикнува употреба на локални производи

Иако секој би сакал да додаде свежи и сезонски производи во своите приготвени оброци, сепак некогаш е тешко да се запомни што расте во одреден период од годината. Затоа, неодамна беше изработена апликација која истражува и памети место вас.

Непрофитната организација „GRACE Communications Foundation“ има за цел да ја зголеми свеста и поддршката за одржливи иницијативи за храна.

Минатата година, фондацијата ја објави апликацијата Guide for Seasonal Food (Водич за сезонска храна), која е достапна за Андроид и ИОС, непосредно пред Националната недела на земјоделски пазари што се одржува во август секоја година. Кога ќе ја преземете, апликацијата ќе ве ажурира за сезоната на сè, од јаболка до тиквички во вашата држава.

Водичот е бесплатен, но засега користи податоци за државите во Америка. Кога ја користите апликацијата (или веб страната), можете да пребарувате за она што го има во сезоната во секое време од годината во секоја држава. Се смета за најопширна база на податоци за сезонска храна достапна во Америка.

„Денес луѓето сакаат да знаат од каде доаѓаат нивните производи, колку време ќе бидат во сезона и ќе бидат достапни на нивниот локален пазар или намирници, а што е во сезона во други периоди од годината или во други соседни држави”, вели Урваши Раган, главен научен советник на организацијата.

„Ние ја направивме апликацијата за да ги доставиме овие одговори во вашите раце.”

Оваа апликација ќе ви помогне во напорите да јадете колку што е можно повеќе локални производи, што не само што ви помага да ја зголемите потрошувачката на овошје и зеленчук, туку исто така им помагате на локалните пазарџии и на локалната економија. Парите што ги трошите на локални производи остануваат во вашата заедница и се реинвестираат во други локални бизниси.