Апликација овозможува корисникот сосема да го избрише своето постоење на интернет

Шведските програмери Виле Далбо и Линус Унебок ја создале веб страницата и апликација Deseat.me, која нуди начин корисниците сосема да ги избришат сите податоци кои можат да се најдат за нив на интернет, со само неколку „кликови“.

При логирањето на веб страницата со Гугл профил, ги скенира сите апликации и услуги за кои корисникот има создадено профил и создава листа од нив со линкови за бришење кои се лесни за користење.

Секој профил има соодветен линк за бришење или можност да се прекине претплатата на таа услуга. Со само неколку кликови, корисникот е „слободен“ од веб страницата.

Идејата е доколку некој се засити од социјалните медиуми и стресот зголемен од интернетот воопшто, тоа е најбрзиот начин за ослободување од овие врски.