Апликација ги препознава растенијата преку фотографии

Некои научници проценуваат дека во светот постојат околу 400 000 растенија што цветаат. Тешко е да се замисли дека и најспособните ботаничари можат да ги знаат и да ги разликуваат сите растенија. Но, тука напомош доаѓа технологијата. Апликацијата PlantNet, достапна за уреди кои работат на оперативниот систем Android, ќе ја препознае секоја билка која ќе ја фотографирате, со принцип на работа сличен на популарната апликација за препознавање музика, Shazam.

Апликацијата собира податоци од голема социјална мрежа на која се закачуваат слики и информации за растенијата.