Апел од Детската клиника: Новогодишните пакетчиња заменете ги со подароци кои немаат храна

Директорката на ЈЗУ Клиника за Детски болести, Катерина Ставриќ ги замолува хуманите граѓани кои традиционални им подаруваат новогодишни и божиќни пакетчиња на децата од Клиниката за детски болести, годинава да ги заменат со подароци кои немаат храна.

„Голем дел од децата кои се лекуваат на Клиниката за Детски болести, не се во здравствена состојба која дозволува конзумација на чоколади, бомбони и грицки. Затоа, препорачуваме во овој предновогодишен период да ги израдуваме нашите пациенти и да го направиме нивниот престој поубав со малку поинакви подароци“, стои во апелот на Ставриќ.

Таа им се заблагодари на сите хумани граѓани во име на Клиниката и на пациентите.

„Вашата хуманост и желба, да донесете насмевка во болничките соби и ходници, ни значи многу на сите“, вели Ставриќ.