Антиматеријата за прв пат спектрално анализирана

Новообјавен научен труд во списанието Nature од научниот тим на Алфа, секторот за антиматерија во Церн, објавија дека за прв пат е снимена спектрална анализа на антиматерија.

Големиот технички и научен подвиг дозволува развој на нова гранка во физиката за прецизно истражување на антиматерија. Ова е резултат на повеќе од 20 години научен развој во секторот за антиматерија во Церн. Токму овој тим во 2010 година за прв пат магнетно заробија неколку атоми на лесен антихелиум, додека веќе во 2011 имаа заробено стотици атоми на антихелиум повеќе од 15 минути во нивната лабораторија.

Главната цел на секторот за антиматерија е со користење на ласер се набљудува состојбата на антиводород воедно споредувајќи ја со водород за да видат дали ги следат истите физички закони.

Антиматеријата се состои од честици со иста маса и спин, единствено имаат обратен електричен полнеж. Доколку дојде до допир на материјата со антиматерија тие веднаш меѓусебно се уништуваат ослободувајќи чиста енергија.

Резултатот објавен од Алфа претставува прво забележување на спектралните линии на антиводород, со што за прв пат може да се споредат спектралните отисоци на материја и антиматерија.

Првичните резултати укажуваат дека нема никаква разлика помеѓу спектралните линии на водород и антиводород што се совпаѓа со предвидувањата на Стандардиот модел на субатомски честици, теорија која ги опишува субатомските честици и силите, односно начинот на интеракција помеѓу нив и предвидува идентични спектрални линии помеѓу материјата и антиматеријата. Набљудувани се електрони кои преминуваат помеѓу 1Ѕ и 2Ѕ орбиталите.

Во иднина се планира поставување на уште попрецизни инструменти и доведување на позитроните во уште повисоки енергетски нивоа (орбити) за да се види дали навистина нема разлика помеѓу спектарот на материјата и антиматеријата за да се тестира точноста на Стандардниот модел.

Преземено од Orion.mk