Антикорупциската комисија со прекршочна постапка за 28 декани бидејќи не поднеле анкетни листови

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе поведе прекршочна постапка против 28 декани, од три универзитети, бидејќи не доставиле анкетни листови.

14 декани од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип не доставиле анкетни листови до Комисијата, додека 10 декани од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје и 4 од Универзитетот „Мајка Тереза“ не ја исполниле оваа обврска.

Освен на овие универзитети, ДКСК најави дека ќе биде спроведена контрола и на другите универзитети каде одговорните лица имаат обврска да достават анкетни листови за својата имотна состојба.

Од Комисијата побараа од сите раководни лица да достават анкетни листови затоа што регистарот не бил ажуриран. Потсетувајќи дека за неисполнување на оваа обврска се одговара прекршочно.

Анкетни листови се очекуваат и од нотари, извршители и административци.