АнтиарТ со концертна промоција на првиот студиски албум

На 10-ти јуни (понеделник), бендот АнтиарТ ќе го промовира својот прв студиски албум, во Клуб Маракана, во 21 часот.

На промоцијата, бендот ќе изведе дел од песните, а дел од средствата од продажбата на албумот ќе бидат донирани во хумани цели.

„Бидејќи сакаме нашата музика да биде достапна за секој вистински љубител, на настанот албумот ќе се продава по цена која вие ја сметате за соодветна. 50% од собраните средства ќе одат во добротворни цели. Ќе бидеме повеќе од среќни да ве видиме во голем број“, напишаа од бендот на фејсбук настанот.

Бендот АнтиарТ досега има објавено два сингла со видео спот, насловени „Завидлив поглед“ и „Mirror“. Двете песни можат да се најдат на официјалниот Јутјуб канал на бендот.

Двете се нивни авторски дела, поточно композиција на Никола Бочваров и Леана Таќи – Леа, текст на Леа и аранжман на Никола и АнтиарТ. Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани).

Дел од песните на албумот се снимени во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.