Анонимуси тврдат дека спречиле терористички напад во Италија

Главниот профил кој стои позади „Операцијата ИСИС“ тврди дека онлајн активисти поврзани со Анонимус спречиле еден напад во Италија и работат на спречување и други напади, пишува Independent.

Веднаш по нападите во Париз, Анонимус објавија видео во кое најавија дека тие ќе ги ловат членовите на ИСИС и ќе ја лансираат најголемата операција во историјата против нив.

„Очекувајте масивни сајбер напади. Војната е објавена, подгответе се“, вели гласот во видеото.

„Операцијата ИСИС“ главно се фокусира на наоѓање и затворање на профилите на социјалните мрежо и веб сајтовите кои припаѓаат  на луѓе за кои се верува дека се симпатизери или дел од ИСИС.

За некои ваквата работа е од помош бидејќи ја стопира пропагандата од профилите. Но некои луѓе критикуваат дека групата протекува лажни информации и понекогаш им прави проблеми на напорите на властите.

Онлајн активистите го критикуваа Анонимус дека се фокусира премногу на затворање на профили, додека малку прави практична разлика во реалната борба против ИСИС. Тие одговорија дека не се грижат дали некој им верува или не.

Извор: Independent