Анонимуси го објавија идентитетот на 1000 членови на Кју Клукс Клан

Анонимусите го објавија идентитетот на 1 000 наводни членови на Кју Клукс Клан. Хакерската група во октомври вети дека ќе ги открие членовите, откако ги хакирале лозинките на социјалните мрежи поврзани со кланот.

„Ние ги сметаме овие податоци како форма на отпор против тактиките на насилството и заплашување на јавноста од страна на разни членови на Кју Клукс Клан во текот на историјата”, соопштија од групата пред да ги објават податоците.

Известувањето доаѓа неколку дена откако Анонимуси ја отфрлија одговорноста за објавување неточни имиња на американски политичари кои наводно биле поврзани со Кју Клукс Клан. Политичарите тогаш жестоко негираа дека биле  се членови на кланот, а еден од нив групата ја нарече „интернет ѓубре.” Тогаш Анонимуси соопштија дека не можат да преземат одговорност за нешто што тие не го објавиле.

Кратко по нивната вчерашма „официјална објава“ на идентитетите на членови на кланот, хакерската група соопшти дека некои имиња ќе бидат извадени од листата заради поголема сигурност.

Операцијата Кју Клукс Клан се совпаѓа со годишнината од судењето во Фергусон , кога беше одлучено да не се полицаецот Дарен Вилсон да не одговара за убиството на невооружениот црн тинејџер Мајкл Браун во 2014 година.