Анкети: Дезинформации и медумска писменост – што мислат велешани?

Младински образовен форум во рамки на неделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во јуни организираше видеоработилница за разбирање, препознавање и справување со дезинформации „In Video Veritas“.

За време на оваа тридневна обука учесниците подготвија три кратки видеоанкети со граѓаните на Велес и познати личности. Погледнете ги видеоанкетите во кои жителите на Велес и јавните личности одговараат на три различни прашања:

„Дали дезинформациите се закана за демократијата?“

„Дали медиумите треба да бидат санкционирани за ширење дезинформации?“;

„Кој е одговорен за медиумска писменост?“