Aнкетeн прашалник на РСБСП за користење велосипеди

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна со реализација на анкетно истражување за велосипедистите.  Анкетниот прашалник содржи неколку прашања кои што треба да ги утврдат навиките, прашања и проблемите на велосипедистите во Скопје.

„Идејата ни е преку ова истражување да утврдиме колку често во Скопје се употребува велосипед и за кои цели се прави тоа. Освен тоа, сакаме да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат тие“, велат од РСБСП.

Анкетата ќе трае три недели и истата може да се види и пополни ОВДЕ.