Анкета за велосипедска култура и инфраструктура

Младинската еколошка невладина организација Гоу Грин Скопје, реализира истражување со цел да го дознае нивото на употреба на велосипедот кај младите и да го оцени нивното мислење за велосипедската култура и инфраструктура.

logo 5 filiddp

Целта на анкетата е да се намали загадувањето од транспорт и да се стимулира велосипедизмот. Заклучоците и препораките од истражувањето ќе се пренесат на одговорните институции и ќе бидат дискутирани на младинска дебата, најавуваат од Гоу Грин Скопје.

Целна група на истражувањето се младите на возраст од 14 до 22 години, а младите кои спаѓаат во оваа возрасна група анкетата ќе ја најдат на овој линк.

Оваа активноста е дел од проектот „Младите на велосипед” кој е поддржан од Амбасадата на Франција и Град Скопје.