Анкета за младинското учество во Македонија и регионот

Асоцијација на агенции за локална демократија (АЛДА) во рамките на Балканската платформа за младинско учество и дијалог спроведува регионално истражување за младинско учество на локално ниво во пет земји: Босна и Херцеговина, Косово*, Македонија, Србија и Црна Гора.

Во рамките на истражувањето се спроведува АНКЕТА наменета за млади лица (15-30 години) од овие 5 земји.

Анкетата може да се пополни на еден од четирите јазици: албански, босански, македонски и српски. Просечното време за одговарање на анкетата е 20 минути.  Анкетата е анонимна и не се бара да наведете име, презиме и останати лични податоци.

Краен рок за пополнување на анкетата е 6 август, 2015 година.

Податоците од ова истражување ќе помогнат за анализирање на состојабата на младинско учество на локално ниво на Балканот, појаснуваат од АЛДА.