Анкета: Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитетДржавните универзитети се прв избор за идните бруцоши, студиите главно ќе ги плаќаат од платата на родителите, а најголем дел од нив ќе студираат во надвор од градот во кој живеат.

Ова се заклучоците од онлајн анкетата што ја спроведе порталот Факултети, која што во периодот од 1 јули до 8 август годинава доброволно ја одговориле 840 испитаници.

Анализата на одговорите покажала младите во Македонија кои се запишуваат на факултет тоа го прават најмногу за да добијат поголемо знаење во областа што ги интересира. 35% од испитаниците ја навеле оваа причина како главна за запишување на факултет, 28% сметаат дека со диплома полесно се наоѓа работа, 16% се убедени дека со диплома ќе имаат поголеми можности во странство, 7% се запишуваат на факултет поради нивното семејство, 6% бидејќи не сакаат да се вработат веднаш, а 8% бидејќи не знаат што би правеле друго после средното образование.

Наголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

Идните студенти најчесто се одлучуваат што да студираат следејќи ги своите интереси (59%). Потоа, 28% изјавиле дека го избрале факултетот поради исплатливоста, 2% поради друштвото, 7% поради моменталната финансиска состојба, а 4% се одлучиле на друг начин.

Наголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

На прашањето „Дали планирате да се запишете на факултет во градот во кој живеете?“, 29% од испитаниците дадоа позитивен одговор, 6 % не се уште сигурни, 51% изјавиле дека во нивниот роден град го нема факултетот на кој сакаат да се запишат, 4% ќе студираат надвор од државата, а 10% нема да се запишат на факултет иако го има во нивното родно место.

Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

95% од испитаниците ќе се запишат на факултет, 2% ќе се обидат на факултет, па ако не успеат ќе се запишат на висока школа, 2% веднаш ќе одат на висока школа, додека 1% се уште не се сигурни.

Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

Државните факултети водат во битката со приватните. 86% одат на државен, 5% на приватен, 8% ќе се обидат на државен, па ако не успеат ќе се запишат на приватен, а 1% ќе се обидат на приватен, па ако не успеат ќе се запишат на државен.

Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет

Најголем дел од студентите ќе го плаќаат факултетот со финансиите на своите родители (61%), помалку ќе аплицираат за стипендија (26%) и ќе работат (9%), а 4% планираат да земат кредит од банка.

Кога станува збор за препишувањето на испит или колоквиум, 42% би препишувале ако не се подготвени, но не планираат. 26% не би препишувале, но немаат против ако другите препишуваат, 21% сметаат дека за препишувањето нема оправдување, а 11% планираат да препишуваат секогаш кога ќе имаат можност, анализира порталот Факултети.

Најголем дел од бруцошите ќе се запишат на државен универзитет