Анкета на Телма и МЦМС: 40,5 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е организатор на упадот во Собранието

Зад упадот во Собранието на 27 април стои ВМРО-ДПМНЕ, сметаат 40,5 отсто од анкетираните граѓани од новото истражување на телевизија Телма и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), спреведено од „М проспект“.

Анкетата беше спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, во периодот од 10 до 15 мај.

Покрај најмногу проценти кои одат на контото на ВМРО-ДПМНЕ како организатор, 20 отсто од анкетираните сметат дека зад упадот не стои никој, туку толпата спонтано влегла во законодавниот дом. Висок е процентот на оние кои не одговориле на прашањето или не знаат кој стои зад упадот од 27 април – дури 25,4 отсто. Понатаму, 8,7 сметаат дека странски служби стојат зад упадот, а 4,6 отсто ги навеле СДСМ.

Анкетата покажа дека дури 57 проценти од граѓаните сметаат дека полицијата дозволила на ескалира насилтвото во Собранието. Со спротивно мислење т.е. дека „полицијата овозможила да се намали насилството“ се 26,7 отсто, а 16 проценти одбиле да одговорат на прашањето.

Исто така, став на речиси 80 проценти од анкетираните граѓани е дека демонстрантите не требаше да влезат во Собранието, а 81,3 отсто сметаат дека не е оправдано насилството. 6,6 проценти не се согласуваат деке насилството не е оправдано, поточно ги оправдуваат нападите врз народните избраници од 27 април.

62,2 проценти од испитаниците одговориле дека очекуваат правна разврска и фер судење за настаните во Собранието, а 28,9 проценти не очекуваат.

На прашањето дали постапките на претседателот Ѓорге Иванов придонесуваат за смирување или влошување на политичката криза, 48,6 проценти одговориле дека тој ја влошува политичката криза, 38 отсто сметаат дека неговото однесување придонесува кон смирување на кризата, а 13,3 проценти одбиле да одговорат.

Изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, 50,3 проценти од испитаниците не го одобруваат, а 49,1 отсто го сметаат за нелегитимен неговиот избор.